Свет
25. јуни 2021 - 13:29

Шпан: „Делта“ сојот ќе биде доминантен во Германија летово

Позаразениот сој Делта на коронавирусот ќе стане доминантен во Германија во текот на летото, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

– Сојот Делта ќе биде доминантен во текот на летото, и во прашње се недели а не месеци, изјави Шпан на прес-конференција.

Шпан додаде дека овој сој моментално сочинува повеќе од 15 проценти од случаите на заразени со коронавирус во Германија и дека неговото ширење ќе зависи од тоа колку луѓе се вакцинирани, како и од зачестеноста на инфекциите.