Шпан: Членките на ЕУ планираат да почнат со вакцинација против коронавирусот на 27 декември
Сите земји-членки на ЕУ планираат да започнат вакцинација против коронавирусот на 27 декември, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
– Во Германија ќе почнеме на 27 декември, ако дозволата пристигне како што беше планирано. Другите земји на ЕУ исто така сакаат да започнат на 27 декември, рече Шпан пред онлајн состанокот со канцеларката Ангела Меркел и лидерите на германската фармацевтска компанија „Бионтек“.
Како членка на Унијата, Германија е должна да почека Европската медицинска агенција да ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“, што се очекува на 21 декември.
– Фактот дека во ваква глобална вонредна состојба вакцина како оваа излегува на пазарот толку брзо е резултат на големото индивидуално достигнување на истражувачите, но и на нашиот пристап. Ние веруваме во наука, ја поддржуваме науката, рече Меркел.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство