Шолц: Ќе одлучам дали ќе учествувам на самитот на Г-20 ако присуствува и Путин
Германскиот канцелар Олаф Шолц, и покрај војната меѓу Русија и Украина, се изјасни за зачувување на Г-20.
Во овој формат на 20-те најмоќни земји во светот учествува и Русија и на состаноците доаѓа претседателот Владимир Путин. Германскиот канцелар денеска изјави дека наскоро ќе донесе одлука дали ќе учествува на самитот на Групата 20 во Индонезија во ноември, доколку присуствува и рускиот претседател Владимир Путин. „Едно е јасно – Г-20 сепак мора да ја има својата улога“, рече Шолц во изјава за јавниот сервис ЗДФ.
Тој пренесе дека постои заедничко верување на членките на Г7 дека Г20 не смее да се „торпедира“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се обрати на лидерите на Г7 преку видео повик на самитот во Германија. Лидерите на Групата седум најбогати демократии вчера го започнаа тридневниот самит со цел, како што беше најавено, да го зголемат притисокот врз Русија, чии акции во Украина создадоа недостиг од храна и енергија ширум светот. На самитот учествуваат лидерите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија.
Ново на Сител
-
Тридневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње
-
Роднина на убиецот од Цетиње: Се уште сме во шок
-
Мехмедовиќ: Кичевецот негативен на тестот за мајмунски сипаници
-
Максим Димитриевски подготвува нов политички субјект – тврди дека немал координација со Црвенковски
-
Полицијата го застрела напаѓачот кој уби 11 и рани 6 лица во Цетиње
-
Абазовиќ за масовното убиство во Цетиње: Трагедија каква Црна Гора не памети
-
Хрватска: Татко го прегази својот 2-годишен син паркирајќи го автомобилот
-
Тренчевска: Со СДСМ до рекордно зголемување на пензиите