Македонија
21. April 2021 - 16:38

Шокантни видеа од малолетничко насилство во Велес објавени на интернет

Вознемирувачки плач и повици за помош. Загрижувачко видео на врсничко насилство кое се прошири на социјалните мрежи, а на кое 12-годишно девојче тепа своја врсничка на улица во Велес.

Додека девојчето по телефон очајно бара помош од нејзината мајка, настанот го снимаат други основки, а насилството го спречуваат повозрасни минувачи.

Случајот е стар неколку дена и идентитетот на 12 годишното девојче е познат. Таа не застанала тука и веќе наредниот ден повторно на истата улица нападнала уште една малолетничка.

Од СВР Велес велат дека нејзиниот родител ќе добие пријава за негрижа на дете.

Веб страницата ММС објави и други видеа на кои наводно истото девојче учествува во женско малолетничко насилство. Официјално засега во СВР Велес се документирани две тепачки, а работа ќе има и за социјалните служби.