Џет-Сет
18. December 2016 - 13:38

ШОКАНТНА содржината во дневникот на покојниот Нино Решиќ

Фолк пејачот Амир Нино Решиќ почина пред девет години во болница во Белина од перфорација на панкреасот, а се зборува дека неговиот живот повторно станува актуелен по откритието на неговиот менаџер Нермин Адемовиќ, тој вели дека Нино водел дневник кој крие многу тајни.

-За се е таму напишано, од случувања на естрадата до љубовните афери на Нино и други случувања во неговиот живот, изјави Нермин.

Адемовиќ за српски Курир тврди дека е голем дел од автобиографијата на Нино посветена за Весна Змијанац, во која покојниот пејач бил лудо вљубен.

-Весна и Нино редовно се гледале во хотел „Парк“. Пејачката никогаш не сакала со него јавно да се појавува и да признае дека се во врска, поради што тој многу пател. Нино во неа го гледал Господ! Тој твојата тогашна девојка ја оставил поради неа. Таа девојка слушнала дека се гледаат во „Парк“, па една вечер упаднала и направила хаос! Го нападнала и него и Весна, и растурила се. Нино во својот дневник за тоа посветил неколку страни. Сепак, повеќе пишувал за своето патење поради Весна, која во исто време била и со него и со тогашниот директор на ТВ Белград, Милорад Вучелиќ, вели Нермин.