Џет-Сет
11. November 2015 - 9:29

Шокантна изјава - „Го прикрија убиството на мојата Ивана...

 
-Погребав се што имав. Живеам и постојам само за ден кога ќе дознаам кој го уби моето дете. Не знам дали на некому му сметала поради умоти и успехот или од други причини, јас само сака виновникот да одговара според законот. Со овие зборови ја започнала исповеста на Нада Бодрожиќ , мајката на Ивана Бакиќ Бодрожиќ која на 11. декември минатата година најдена е мртва во соба 326 во хотелот „Хајат“ во Белград. Истрагата утврдила дека во нејзината крв имало кокаин и анестетик пропофол, а постапката е покренета против медицинските техничари од воената медицинска академија кои и го продале лекоот. 
 
Иако претпоставува кој е виновен за смртта на нејзината ќерка, Нада Бодрожиќ не сака ништо да открива без докази. Речиси година дена од трагичната смрт на нејзината ќерка знае само едно, а тоа е дека нејзината Ивана не изршила самоубиство и дека некој се обидува да го заташка начинот на кој таа почина. 
 
- Голем сомнеж ми е тоа што не утврдиле време, ниту причината за смртра на мојата ќерка. Налазите се потполно различни, паталогот рече дека починала поради пропофолот, додека во анализите од токсикологија велат дека причината за смртта е поради кокаинот. Никаде не постои записник од обдукцијата, објаснува очајната мајка. 
 
Таа вели дека доборо си ја познавала својата ќерка и знае дека го скала животот и имала големи планови за иднина. 
 
- Работеше на голем медицински проект, но имаше многу планови приватно - веќе одеше на консултации за ештачко оплодување бидејќи сакаше да се оствари како мајка, низ солзи раскажува Нада. 
 
Нада не крие дека нејзинатА ќерка била во љубовна врска со сопственикот на ТВ Пинк Жељко Митровиќ.
 
- Тоа не е тајна, се забавуваа седум години. Цел Белград знаеше за тоа, не се криеа, излагаа и патуваа заедно. И ветуваше на ќерка ми дека ќе се разведе, знаеше за нив и сопругата на Жељко. Знам дека таа на Ива и се закануваше, рекла Нада.