Џет-Сет
10. May 2016 - 10:58

Шок во семејството на Бата Живоиновиќ

Шок во семејството на Бата Живоиновиќ, неговите најблиски сеуште кријат од него дека останал без нога. 
 
Велимир Живоиновиќ, великанот на српската театарска сцена, сеуште не знае дека му е ампутирана ногата поради гангрена, а семејството сега собира сили да му ја соопшти таа вест. Актерот деновиве ќе дознае дека му е ампутиран дел од левата нога, а неговата протеза ќе стигне до крајот на месецот.
 
- Засега состојбата на Бата се подобри, стабилна е, но тој уште не знае што го снашло. Лекарите не смееја да ризикуваат и во согласност со семејството мораа да му ја ампутираат ногата на Бата, вели извор за српскиот Курир.
 
Великанот на српскиот филм ќе добие протеза до крајот на месецот.
 
- Ако биде се во ред, тој ќе може да се движи со протезата, додава изворот.
 
Бата беше итно хоспитализиран пред две недели откако му се влоши состојбата.