Живот
21. November 2018 - 21:49

Шок во програма во живо: Водител дожива срцев удар среде емисија, сите во студиото се исплашија

Турскиот водител Шукру Ојтан, кому неодамна му беше дијагностицирана срцева аритмија, вградил пејсмејкер за да ја регулира работата на срцето.

Сметајќи дека е подготвен да се врати на работа, одлучи да ја води емисијата на локалната ТВ станица во Ескишехир.

Меѓутоа, додека коментираше меч од Втората турска лига, наеднаш се свитка и главата му падна на маса.

Неговиот колега неколку моменти гледаше во него, а кога одлучи да провери дали е во ред, Ојтан падна на подот.

За среќа, Ојтан преживеа.

ТВ станицата наведе дека Ојтан е префрлен во болница, каде лекарите успеале да го стабилизираа.