Шојгу: 300.000 резервисти ќе бидат мобилизирани за да се борат во Украина
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин се однесува на лица со воено искуство и најави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Шојгу, обраќајќи и се на јавноста после Путин, рече дека оние што ќе бидат повикани ќе поминат воена обука пред да бидат распоредени.
Шојгу рече дека Русија во Украина се бори против Западот. Според него, „речиси целата сателитска мрежа на НАТО работи против Русија во Украина“ и „Украина се повеќе користи западно оружје за да напаѓа цивили“. Шојгу рече дека Западот и доставува оружје на Украина во огромни количини. Тој тврди дека Русија изгубила 5.937 луѓе во „специјалната воена операција во Украина“, а Украина половина од армијата
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците