Балкан
12. March 2017 - 22:18

Шојбле: Исплатата на економската помош за Турција станува проблематична

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека ќе има проблеми да се соработува со Анкара околу исплатата на економската помош, поради споровите околу учеството на турски министри на митинзи во европските земји во рамки на кампањата за уставниот референдум, како и поради апсењето на германскиот новинар со турско потекло во Турција. 

- Во вакви услови се разбира дека ќе е исклучително тешко да продолжиме со работата во таа сфера, изјави Шојбле за германскиот јавен сервис ЗДФ.

Шојбле нагласи дека Германија не сака ескалација на кризата во односите со Турција, за што постои консензус во германската Влада.

- Ние само сакаме Турција да се вразуми, додаде Шојбле.