Loading Video...
Фудбал
18. September 2020 - 15:59

Шкендија се избори за дуел против Тотенхем во третата рунда во Лига Европа

Екипата на Шкендија остана единствениот македонски претставник на европската фудбалска сцена. Ова е епилогот по трите одиграни натпревари на македонските екипи во второто квалификациско коло за Лига Европа. 

Само тетовска Шкендија успеа да ја мине оваа рунда и да се избори за пласман во третото коло. Тетовци со голот на Бесарт Ибраими постигнат уште во 2.минута на натпреварот во Романија со Ботошани забележаа минимална победа со 1:0, а со тоа се изборија за нов натпревар. А, во него. Шкендија за противник ќе го има реномираниот англиски тим Тотенхем кој повеќе сезони наназад настапуваше во Лигата на шампоните, но сега предводен од искусниот стратег Жозе Мурињо, лондонската екипа во само еден меч ќе треба да ја потврди фаворитската улога. 

Натпреварот меѓу Шкендија и Тотенхем ќе се игра во четврток во Скопје. Доколку Шкендија го изненади и елиминира Тотенхем, тогаш во плејофот, односно последната квалификациска рунда за влез во групната фаза ќе игра со победникот од дуелот меѓу Ростов и Макаби Хаифа. 

Иако играа условно речено на домашен  терен во Скопје, сепак Ренова и Силекс беа поразени. Популарните „Гипсари“ загубија од сплитски Хајдук со 1:0, додека кратовски Силекс беше поразен од косовскиот првак Дрита со 2:0. 

Одговорноста за поразот и елиминацијата на Силекс ја презеде тренерот Горан Симов.