Живот
20. October 2016 - 10:50

Шимпанзо кое пуши главна ѕвеада на зоолошката градина во Пјонгјанг

Новоотворената зоолошка градина во севернокорејскиот главен град Пјонгјанг има нова атракција - шимпанзото Азалеа, кое пуши цигари.

Девеетнаесетгодишниот мајмун знае самостојно да користи запалката, и пуши по една кутија цигари дневно.

Претставник на Зоолошката градина изјави дека Азалеа сепак не го вовлекува чадот, па шансите за штетни последици по нејзиното здравје се мали.

Ако пак, случајно не се снајде со запалката, ова снаодливо животно ја пали цигарата од догорчето на претходната.

Азалеа, или скратено Дале, е вистинска ѕвезда во зоолошката градина. Посетителите се смеат од срце кога ја гледаат како пуши, ги слуша и исполнува наредбите на дресерот, танцува и се поклонува кон насобраната публика во знак на благодарност.

Новата зоолошка градина, којашто беше отворена на крајот од јули, дневно има по неколку илјади посетители. Таа е отворена на местото на претходната зоолошка градина, изградена од Ким Ил-сунг, првиот севернокорејски лидер и дедо на сегашниот претседател Ким Џонг-ун.

Меѓу повеќето атракции, олицетворени во вешти животни, е и мајмунчето кое прави маневри со кошаркарска топка.