Loading Video...
Спорт плус
7. January 2018 - 15:38

Шифрин продолжува со доминацијата во Светскиот куп

 
Американската скијачка Михаела Шифрин ја продолжува својата доминација во Светскиот куп во алпско скијање. 
 
Актуелната шампионка, ја оствари и четвртата победа во низа, откако денеска беше најдобра на слаломската трка одржана во словенечкиот центар Крањска Гора. 
 
До својата вкупно 42-ра победа во кариерата, Шифрин стигна со 1 секунда и 64.стотинки подобар вкупен резултат од Швеѓанката, Фрида Хансдотер, односно 1,64.секунди побрзо од трето пласираната Венди Холденер од Швајцарија. 
 
Во генералниот пласман во оваа Шифрин сега ја зголеми предноста на 135 бода во однос на второ рангираната Петра Влхова од Словачка.
 
Со вкупно деветтата победа сезонава во Светскиот куп, Американката, е убедливо прва и во севкупниот генерален поредок сега со 1.281 бод, а далеку зад неа се Швајцарката, Венди Холденер која има 560, односно трето рангираната Влхова со 554 бодови. 
Следната трка во рамки од Светскиот Куп е закажана за два дена во швајцарскиот скијачки центар Флахау.