Loading Video...
Спорт плус
6. January 2018 - 15:44

Шифрин продолжува со доминацијата во Светскиот куп

 
 
Американската скијачка Михаела Шифрин ја продолжува својата доминација во Светскиот куп во алпско скијање. 
 
Актуелната шампионка, ја оствари и третата победа во низа, откако денеска беше најдобра на велеслаломската трка одржана во словенечкиот центар Крањска Гора. 
 
Шифрин беше подобра за 31.стотинка од светската првенка во оваа дисциплина Тереса Ворли од Франција која се пласира на второто место, додека како трето пласирана заврши Италијанката, Софија Гоџија со 91.стотинка послабо вкупно време од Американката. 
 
Во генералниот пласман во оваа дисциплина водечка е Шифрин со 55 бодови повеќе во однос на Ворли. 
 
Вкупно осма победа сезонава во Светскиот куп со што Американката, е убедливо прва во севкупниот генерален поредок со 1.181 бод, а далеку зад неа се Германката, Викторија Ребенсбург која има 534, односно трето рангираната Петра Влхова од Словачка со 504 бодови.