-->
-->
Шетал покрај езерото Треска, го нападнале и претепале 4 непознати лица
-->

Вчера околу 17,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Рекреативниот центар „Езеро Треска“ лицето Б.С. (23) од с.Сарај, скопско, бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица.
Додека Б.С. се шетал околу езерото Треска, лицата го нападнале и со тврд предмет го удирале во пределот на главата, од што паднал на земја, а напаѓачите продолжиле да го удираат со боксови по телото.
После тоа, сторителите побегнале во непознат правец. Б.С. бил забележан од случаен минувач кој со возило го однел во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди и му била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
