Балкан
11. December 2019 - 8:27

Шестмина мигранти пронајдени мртви на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починале од студ во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од четврток до недела, соопшти синоќа паталогот во болницата во Александропулос Палос Павлидис.

Пред новинарите тој изјави дека меѓу починатите се две жени и четворица мажи, на возраст меѓу 18 и 30 години. Починатите мигранти немале документи па идентификацијата е отежната.