Шест сообраќајки во Скопје
Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 49 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, пет возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, четворица возачи за не носење сигурносен појас и 19 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило. Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 18 возачи, од кои двајца што управувале возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и 10 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 71 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 69 возила.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка