Џет-Сет
11. March 2018 - 12:09

Шерон Стоун фотографирана како се бакнува со 19 години помалото момче

Актерката Шерон Стоун го прослави својот 60-ти роденден во друштво на нејзиното момче, Анџело Боф.

вајцата го прославија нејзиниот роденден во Мајами и го искористија топлото време за сончање на плажа, како и жешките допири што ги фатија папараците.

Нејзиното 19-години помало момче, италијански претприемач Анџело, првпат беше забележано во јануари оваа година во Њујорк. После тоа, филмската ѕвезда во едно интервју изјави дека повторно е среќна во љубовта, не сакајќи да го открие идентитетот на нејзиниот избраник.

 

 

Според светските списанија, 41-годишниот италијанец и Шарон биле во емоционална врска неколку месеци, а многумина се сомневале дека се верени поради нејзиниот дијамантски прстен на рака.

Ако се точни овие верувања, на глумицата ова ќе и биде трет брак.