Македонија
13. February 2019 - 16:10

Шекеринска прв министер кој учествуваше на министерски состанок на НАТО

Македонија денеска за првпат учествува на министерски состанок на Алијанста. Шекеринска пред почетокот на сесиите, беше пречекана од генералниот секретар Столтенберг кој и посака  добредојде и брз прием на земјата во НАТО.

Шекеринска на состанокот во Брисел, го доби сточлечто меѓу првиот човек на НАТО, Столтенберг и секретарот за одбрана на САД. Таа во текот на денешниот ден, таа се сретна со бугарскиот министер за одбрана, а ќе се сретне и со грчкиот, со турскиот, со белгискиот, со канадскиот и со британскиот министер за одбрана.

Последните проценки кои доагаат од седиштето на Алијансата се дека Македонија би можела да стане полноправна членка на НАТО до пролет 2020-та  година. Очекувањата се дека процесот на ратификација на протоколот ке заврши во рок од една година, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајки се на неименуван функционер на НАТО. Според истиот извор, останува отворена дилемата дали официјалниот прием ке се случи во декември , на самитот на Севрноатлантскиот сојуз. Во мегувреме, организаторите на Минхенската конференција за безбедност најавија  дека признанието за лидерство и придонес кон светскиот мир  за 2019 година ке ја добијат  премиерите Заев и Ципрас,  занадминување на повеке децнискиот спор мегу двете држави,   .

Причина за славење: Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја добијат наградата Ewald von Kleist за 2019 (во чест на основачот на Минхенската безбедносна конференција), во сабота, за време на конференцијата, напиша на Твитер престедателот на Конферницјата  Волфганг Ишингер.