Свет
10. February 2016 - 17:30

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус поднесе оставка

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус денеска потврди дека ја напушта функцијата за да го преземе раководењето на Уставниот совет (суд), пренесоа светските медиуми.

Претходно, во текот на денот, телевизијата „БФМ“ веќе објави дека Фабијус ќе поднесе оставка на функцијата министер за да застане на чело на Уставниот совет.

По денешната редовна неделна седница на француската Влада, тој лаконски одговори со „да“ на прашањето на новинарите дали е тоа неговот последното учество во работата на Министерскиот совет.

Фабијус, меѓутоа, треба до ноември да остане на функцијата претседател на конференцијата на ОН за климата, забележаа француските медиуми.

Се очекува францускиот претседател, Франсоа Оланд, уште денеска Фабијус да го номинира за функцијата претседател на Уставниот совет, посочуваат британските медиуми.

Медиумите наведуваат дека напуштањето на Фабијус на функцијата во МНР била очекувана од многу страни.

Самиот Фабијус (69) очекуваа во текот на оваа недела да дојде до поголеми пормени во француската Влада.

Рокадата е можност за Оланд да ја рекомпонира својата екипа пред претседатеслките избори следната година, на одгласите за обидите да го зголеми својот многу низок рејтинг,забележуваат британските медиуми. Аналитичарите. меѓутоа, сметаат дека има мала веројатност овие промени да му помогнат на претседателот да го подобри својот имиџ меѓу избирачите.

Како можни наследници на Фабијус се споменуваат поранешната партнерка на Оланд од приватниот живот Сеголен Ројал, актуелниот министер за екологија, и експремиерот Жан-Марк Еро.

Големо внимание привлекува и прашањето дали министерот за економија, Емануел Макрон, кој беше лицето на реформите во Франција пред европските партнери, но предизвика незадоволство кај многу свои колеги во владиниот кабинет, ќе добие поголем портфељ.
Друга непознаница е дали Оланд ќе покани пратеници од Зелените да се приклучат кон Владата, во обид да изгради поширок сојуз како подготовка за претседателските избори.

Лоран фабујус, кој во текот на 80-тите години од минатито век стана најмладиот француски премиер, одигра клучна улога како шеф на дипломатијата во договорањето на меѓународната спогодба за иранската нуклеарна програма и на глобалната спогодба за борба со климатските промени, потсетуваат британските медиуми.

Фабијус денеска ги обвини САД дека не прават доволно во Сирија, пренесоа француските медиуми.

-Човек нема чувство дека тоа е многу силен ангажман, забележа тој, имајќи ја предвид улогата на САД во коалицијата што ја предводи против терористичката група Исламска држава.

Фабијус, освен тоа, изрази жалење што сирискиот режим повторно собрал сила, во што помош добил од Русија и Иран.