Фудбал
17. May 2016 - 10:33

Шефилд Венсдеј во баражот за Премиер лигата

Фудбалерите на Шефилд Венсдеј се привте финалисти во баражот за пласман во Премиер Лигата.
 
Тие синоќа во реваншот од полуфиналето на плеј-офот, на гостувањето кај Брајтон одиграа 1:1 и по домашната победа на 13 мај со 2:0, со вкупни 3:1 се пласираа во финалето.
 
Најверојатно противник на Шефилд В. во борбата за влез во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување во Англија ќе биде Хал кој на првиот дуел од полуфиналето, како гостин со 3:0 славеше победа над Дерби Каунти.
 
Реваншот на кој Хал Сити ќе биде домаќин е закажан за вечер од 20:45 часот.