Џет-Сет
4. May 2017 - 22:04

Шарапова навредена, на плакатот за турнирот и ги зголемиле градите

Една од најубавите тенисерки во светот после суспендирањето заради допинг, најпосле се врати на теренот и веднаш привлече внимание.

На првиот турнир во Штутгарт, после враќањето, таа стигна до полуфинале, а овие денови настапи во Мадрид каде исто така, доби покана. По доаѓањето во шпанската метропола се изненади кога видела плакат, на кој во фотошоп, и ги зголемиле градите.

- Она кога на плакат за турнир ти даваат добар пуш-уп градник, напиша Шарапова на Твитер под фотографијата. Се чини дека убавата Русинка на плакатот малку и ја подмладиле, но на тоа не реагираше.