Кошарка
27. May 2016 - 23:11

Шампионската титула за МЗТ Скопје Аеродром

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани шампионската титула откако во финалната серија од плеј офот го победи Куманово со 3-1. Вечерашниот натпревар број 4 МЗТ Скопје го реши во своја корист со 90:88 (22:26; 19:16; 24:27 и 25:19). Натпреварот заврши без присутво на гледачи откако имаше прекин во третиот период. Ова за МЗТ Скопје е петта последователна титула првак на Македонија.
Дуелот беше во прекин околу еден час откако во третиот период (4:28 минути до крајот) домашните навивачи незадоволни од судиската одлука почнаа да фрлаат тврди предмети на теренот кон судиите и гостинскиот тим. Потоа официјалните лица бараа салата да се испразни.
Во финишот на натпреварот при нерешен резултат 86:86, Бојан Трајковски постигна кош за водство на Куманово 88:86, а во следниот напад Немања Протиќ врати со „тројка“ на 15 секунди до крајот за 89:88. Во последниот напад Куманово не успеа да постигне кош.
 
Најефикасен на натпреварот беше Ѓорѓе Дреновац од МЗТ Скопје со 25 поени, додека кај Куманово Александар Косотоски и Бојан Трајковски постигнаа по 23.