Loading Video...
Фудбал
12. August 2020 - 10:43

Севиља и Шахтјор полуфиналисти во Лига Европа

Екипите на Севиља и Шахтјор ја комплетираа полуфиналната четворка во Лига Европа. 
 
Со одигрувањето на синоќешните два четвртфинални дуели во Лига Европа, познати се четирите екипи кои ќе играат во полуфиналето. 
 
Најтрофејниот тим во ова натпреварување шпанската Севиља место меѓу четирите најдобри обезбеди со минималната победа со 1-0 над Вулверхемптон. 
 
Единствениот гол на мечот го постигна Окампос од пенал во 88-минута, откако во првиот дел односно 13-минута Хименес не успеа да реализира пенал за англискиот тим. 
 
Затоа пак украинскиот Шахтјор без многу мака и убеливо со 4-1 славеше победа во дуелот против Базаел.
 
Така во првото полуфинале закажано за недела (16 август – 21 часот) ќе играат Севиља и Манчестер Јунајтед, додека ден подоцна односно во понеделник (17 август) е закажано второто полуфинале меѓу Шахтјор и Интер. 
 
Финалниот меч во Лига Европа ќе се игра на 21 август.