Северниот дел на САД погоден од арктички студ
Арктички бран го зафати северниот дел од САД, со многу ниски температуру во Монтана и во Северна Дакота и обилен снег во другите делови на земјата.
Снегот и мразот предизвикаа хаос на патиштата и стотици сообраќајни несреќи. Поради поледицата загинаа најмалку шест лица.
Најтешка сообраќајна несреќа беше верижниот судир во близина на Балтимор, при што загинаа две лица, а 15 се повредени.
- Жителите на Северна Дакота се соочуваат со студ што би можел да ги загрози животите, соопшти Националната метеоролошка служба.
Во Монтана луѓето беа предупредени да се заштитат од хипотермија, додека вчера е измерена рекордно ниска температура од минус 34 степени Целзиусови.
Меторолозите истакнуваат дека арктичкиот бран од Канада ги зафати американските сојузни држави во северниот дел и во средниот запад.
Висконсин, Индијана, Вермонт, Њу Хемпшир и Мејн се погодени од снежни бури
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење