Свет
22. May 2017 - 8:52

Северна Кореја потврди дека извршила тестирање на балистичка ракета, која ќе има нуклеарно полнењe

Северна Кореја потврди дека извршила успешно тестирање на балистичка ракета со среден дострел, за да го провери насочувањето на нуклеарно полнење, кое подоцна ќе биде вградено.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун раководел со тестирањето, при што било проверено функционирањето на моторот со тврдо гориво.

Армијата на Јужна Кореја вчера соопшти дека ракетата прелетала околу 500 километри, достигнала висина од 560 километри и паднала во море во близина на източниот брег на Северна Кореја.