Северна Кореја: Летоци што пристигнуваат од правец на Јужна Кореја може да содржат коронавирус
Севернокорејските државни медиуми објавија предупредување до населението во врска со летоците што пристигнуваат со балони од правец на Јужна Кореја, во кое се наведува дека тие можат да содржат коронавирус.
Државниот весник Родонг Синмун ги повика луѓето да не ги земаат летоците.
– Дури и кога ќе наидеме на непознати предмети кои летаат во воздухот, мора да ги сметаме за можен извор на вирусот, а не како природен феномен, предупредува весникот, пренесува „Гардијан“.
Во исто време, жителите беа предупредени дека во такви ситуации подобро е да „застанат и да размислат“, во согласност со упатствата за Ковид-19.
Предупредувањето е издадено истиот ден кога јужнокорејската полиција изврши рација во просториите на активист, кој рече дека со балони дистрибуирал стотици илјади пропагандни летоци во правец кон Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност