Џет-Сет
2. јуни 2018 - 11:05

Сестрата на Мајкл Џексон шокираше: „Брат ми е тука, ми праќа пораки“

Ла Тоја Џексон и на 62-годишна возраст привлекува внимание, како во вторникот кога заедно со пријателките го прослави роденденот во Западен Холивуд.

Таа се повеќе личи на брат и Мајкл Џексон, благодарејќи на бројните естетски операции на лицето и телото. Мајкл ненадејно почина од срцев удар, како последица на прекумерна количина таблети за спиење и против болки.

Ла Тоја тврди дека во последно време прима пораки од нејзиниот брат . Вели дека на неутврден начин постојано се гаснат светилките во просториите каде таа се наоѓа.

-Тоа е тој. Знам дека нема врска со сијалицата. Тие затреперуваат и кога се случува тоа, знам дека Мајкл е во близина, вели Ла Тоја во интервју за магазинот.