Балкан
23. јуни 2019 - 13:08

Сергеј Трифуновиќ имал сообраќајна несреќа - со автомобилот излетал од патот во околината на Крагуевац

Сергеј Трифуновиќ, лидерот на Движењето на слободни граѓани и познат актер, наводно предизвикал сообраќајна несреќа во петокот вечерта на патот меѓу Младеновац и Топола, во која девојката која му била совозач е повредена.

Според пишувањата на Србија денес, Сергеј управувал со автомобилот, а со него била 20-годишна девојка.

Трифуновиќ изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Девојката веднаш била згрижена во болница во Младеновац.