Тенис
30. December 2016 - 13:45

Серена Вилијамс објави веридба

Американската тенисерка \ со своето момче, еден од основачите на социјалната мрежа Редит, Алексис Оханијан.
 
 
 
Серена, која е една од најуспешните во историјата на тенисот, веста дека го кажала судбоносното „да“ го објави на социјалните мрежи.
 
Таа открила дека Алексис нејзината рака ја побарал во Рим, град во кој се запознале и ја започнале врската.
 
Освојувачката на 22 грен слем титули со веридбата ги замолкна медиумите кои речиси една година шпекулираа дека таа е во врска со својот тренер Патрик Муратоглу.