-->
-->
Серена Вилијамс наскоро ќе се пензионира
-->
Американската тенисерка Серена Вилијамс го навести своето неизбежно пензионирање.
– Мислам дека веќе има светло на крајот од тунелот. Се доближувам до светлината, па… Едвај чекам да дојдам до таа светлина. Што подразбирам под светлина? Слобода. Сакам да играм, едноставно е неверојатно. Но, знаете, не можам да го правам ова засекогаш, ја цитира Вилијамс „Еуроспорт“. Вчера Вилијамс ја победи Шпанката Нурија Паризас-Дијаз во првото коло на ВТА турнирот во Торонто (6:3, 6:4).
Ова е прв натпревар на 23-кратниот Грен слем победник откако беше елиминирана од Вимблдон 2022 година на крајот на јуни. Серена победи во сингл на ВТА турнир за прв пат од летото 2021 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија