Селами: Преку „Мој ДДВ“да придонесеме за поголем семеен буџет и раст на економијата
Заменик-директорот на Платежната агенција, Авдул Селам Селами, денеска од скопската општина Чаир најави дека официјално се вклучува во кампањата „Мој ДДВ“. Со оваа мерка, како што рече, граѓаните имаат можност со секоја фискална сметка до 30.000 денари, да остварат поврат на 15 отсто од платениот данок на додадена вредност.
Селами истакна дека секојдневно ја користи апликацијата „Мој ДДВ“. Со своето семејство ги скенира сметките со цел поврат на дел од парите кои ги потрошиле дома или во ресторан.
-Со враќање на парите кај граѓаните се подбрува животниот стандард и куповната моќ, а со тоа позитивно се влијае и на економскиот раст. Оваа владина мерка придонесува и за намалување на сивата економија, подобрено прибирање на даноците, со што ќе се слеат и повеќе средства во Буџетот. Тоа од друга страна значи и повеќе пари во секторот земјоделство, за инвестиции. Зголемената поддршка во земјоделството ќе значи и подобрување на животниот стандард на македонскиот земјоделец, порентабилно производство и поголеми приходи што директно влијаат на бруто домашниот произво, нагласи Селами.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден