Сексот го зголемува ризикот од инфаркт
Физичката преоптовареност, вклучително и сексот, ги зголемуваат шансите за срцев удар, и ова особено важи за оние кои не спортуваат редовно, се вели во новата анализа, цитирана од порталот „Блиц“.
Екипа од медицинскиот центар „Тафтс" во Бостон анализираше 14 различни истражувања, за да ја открие врската помеѓу физичките активности, сексот и ризикот од инфаркт. Американските научници дојдоа до заклучок дека кај луѓето кои се занимаваат со некој спорт, ризикот од срцев удар е 3,5 пати помал, отколку кај оние кои не вршат речиси никаква активност.
За време на секс или веднаш потоа ризикот е 2,7 пати поголем, и тоа посебно кај оние кои поретко практикуваат секс.
Според Џесика Полер, која е дел од тимот, опасноста е голема, но само на ограничен период, односно еден до два часа по сексуалната активност. Со други зборови - на 10.000 лица, такви инциденти се случуваат еднаш или двапати годишно.
Заклучокот е јасен - активностите кои бараат големи напори, меѓу коишто е и сексот, треба или да ги избегнуваме, или пак, да ги претвориме во редовни.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација