Бизнис
12. November 2019 - 16:44

Секојдневно огласи за нови вработувања во јавната администрација

50  огласи  за околу  100 тина нови  вработувања во државните  инситуции изминатиов период се објавени на сајтот на агенција за администрацијата. Се бараат раководители, референти, советници.  Министерот Манчевски кој  најави дека се подготвува реформа со која вишокот на работници од  администрацијата ќе се префрлат  во приватниот сектор , тврди дека не станува збор за предвремени вработувања. Посочи дека вработувањата нема да се стопираат поради изборите,  затоа што институциите имаат потреба од кадар.

Според претставнците од ЕУ, партиски вработувања  има во многу земји,но препорачуваат тие да се ограничат пред да нанесат штета.  

Сеуште не е готов ниту моделот  по кој треба да се прави трансферот на работници од јавниот во приватниот сектор Манчевски е оптимист дека  ќе се заврши  до крајот на годинава. Анализите треба да покажат каде има вишок и од кои институции вработени ќе треба да преминат во стопанството. Дел од коморите се сомневаат дека ваквиот моделот ќе помогне администрацијата  да се реорганизира, затоа што платите таму се повисоки од оние во приватниот сектор.

Според податоците во јавниот сектор работаа околу 130  илјади лица.