Секој втор Германец исламот го смета за закана
Секој втор Германец исламот го смета за закана, се наведува во истражувањето на фондацијата „Бертелсман“.
На истокот на Германија дури 57 отсто од испитаниците изјавиле дека исламот го сметаат за закана, додека во западниот дел од земјата оваа бројка е малку помала и изнесува 50 отсто.
Авторите на студијата предупредуваат на опасноста од поедноставени интерпретациии на резултатите од нивното истражување.
-Резултатите укажуваат на тоа дека станува збор за распространета скептичност кон исламот, која, меѓутоа, не може да се поистовети со исламофобија, изјави Јасемин Ел Меноур, експерт за верски заедници во фондацијата „Бертелсман“.
Деталното истражување покажува дека во многу случаи постои воздржаност кон исламот.
- Очигледно е дека многу луѓе на исламот гледаат помалку како на вера, туку пред се како на политичка идеологија и заради тоа оваа вера е исклучена од верската толеранција, објасни Ел Меноур.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење