Македонија
28. March 2019 - 12:07

Секој ден новозаболен од рак во Битола

Битола е на врвот на листата најзагадени градови во светот, а секој ден се регистрира по еден новозаболен од рак. Битолчани обвинуваат дека аерозагадувањео е главниот виновик за нивното нарушено здравје. Неввладините организации тврдат на држвата добро и се познати загадувачите, но со години ништо не презема, а експертите бараат владата да ги вклучи во изнаоѓањето решенија.

Во Битола вчера беше промовирана Платформата за следење на квалитетот на воздухот „Земи здив“ и беа соопштени фрапантни податоци: Секоја недела во Битола по една жена заболува од рак на дојка, а неделно по два случаи со белодробен карцином.

Пет граѓански здруженија од Битола формираа платформа за следење на амбиенталниот воздух и поставија се седум сертифицирани мерни станици кои се набавени од независната глобална светска мрежа AIRLY и се референтни уреди. Тие мерат ПМ10, ПМ 2,5 и ПМ 1 честички. Станиците се донација, а во иднина мрежата ќе се зголеми до 20.

://sdk.mk