Живот
2. May 2017 - 16:29

Секое утро ја правите оваа грешка додека ги миете забите и затоа стануваат жолти

Оралната хигиена е многу важна за целокупното здравје. Постојат грешки кај миењето заби кои секојдневно се прават, а не се знае дека се опасни по здравјето на забите. Еве на што треба да се обрне внимание!
 
Сите знаеме дека е потребно забите да се мијат најмалце два пати по две минути на ден. Тоа што е погрешно е дека ги миеме забите многу брзо, па на нив и понатаму останува храна од која се развиваат бактерии во усната шуплина. Забен каменец, кариес, воспаление се само некои од проблемите со кои се соочуваат и борат оние кои не се грижат правилно за оралната хигиена.
Исто така, грешка е и големата количина на паста на честката за заби. Не треба да ставате паста низ целата честка, затоа што на долг период тоа ќе ги оштети забите и ќе станат жолти.
 
Производителите препорачуваат четкање со количина на паста во големина на зрно од грашок, но често луѓето ја занемаруваат таа информација. Запомнете го тоа следниот пат кога ќе ги миете забите!