Ракомет
13. December 2015 - 20:21

СЕХА: Вардар по триумфот над Војводина е прв

Ракометарите на Вардар ја постигнаа деветата победа сезонава во СЕХА лигата откако вечерва на гости ја совладаа Војводина во Нови Сад со 31:26. Со овој триумф Вардар изби на првото место на табелата со бод повеќе во однос на ППД Загреб и Татран Прешов.
Во дуелот со Војводина првото полувреме мина во изедначена борба и Вардар на полувреме водеше со еден гол (16:15). Резултатот последен пат беше изедначен во 49.минута (23:23), а до крајот на натпреварот Вардар постигна 8 и прими 3 голови за конечен триумф.
Најефикасен на дуелот беше Зоран Николиќ со 8 голови (без промашување), а кај Вардар најпрецизен беше Алем Тоскиќ со 6 голови.
 
Вардар во вторник ќе одигра уште еден натпревар од СЕХА лигата и тоа на гости кај третопласираниот Татран Прешов.
 
Табела: Вардар 28 бодови, ППД Загреб 27 бодови, Татран Прешов 27, Веспрем 25, Мешков Брест 21, Нексе 18, Војводина 11, Борац 10, Спартак 7, Макс Струмица 2.