Loading Video...
Ракомет
10. March 2018 - 18:22

СЕХА: Вардар без проблеми против Војводина

Македонскиот првак Вардар без проблеми  ја победи Војводина во Нови Сад и тоа со 36-32 со што го резервира првото место во СЕХА лигата.
 
Иако настапија без Арпад Штербик, Мораеш и Иван Чупиќ, црвено-црните лесно стигнаа до 16. победа на коло до крајот од регуларниот дел.
 
Лука Циндриќ беше најефикасен со 7 голови, додека по пет имаа Македа и Карачиќ. Интересно, само Илија Абутовиќ немаше упатено удар кон голот на противникот.
Во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата на 13 март во Скопје гостува тимот на Нексе. Потоа следува пауза до средината на април кога во Скопје ќе се игра Фајнал 4 турнирот