-->
-->
СЕХА: Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата
-->
Македонскиот и европски првак во ракомет Вардар ја одбрани титулата во регионалната СЕХА лига откако синоќа во финалето на завршниот турнир го победија Загреб со 26:24 (14:13). За „црвено-црните“ ова е 4.ти трофеј во ова натпреварување, а по шестти пат играа во финалето од седум години колку што опстојува лигата.
Вардар уште од самиот почеток навести дека има намера да доминира во дуелот и да ја одбрани титулата. Избраниците на тренерот Раул Гонзалез по 2:2 направија серија од 5-1 и по 15 минути игра тренерот на Загреб Златан Сарачевиќ побара тајм аут.
Предноста од четири разлика Варадр ја одржуваше до пред крајот на првиот дел кога Загреб успеа да намали и на полувреме беше само гол разлика за Вардар.
Во првите минути од вториот дел Загреб успеа да изедначи, но не и да поведе и „вардарци“ завршниот удар го зададоа кога по 19:19 направија серија од 6-1 за мирна завршница.
Најефикасни беа Лука Циндриќ и Даинис Кристопанс кај Вардар со по пет голови, а Златко Хорват на дуелот со 8 од кои 7 од седум метри.
- Одигравем одлично во финалето и покажавме дека сме добро подготвени. Загреб беше како и што очекувавме незгоден ривал. Задоволен сум од постигнатото и најважно е што пред дуелите со Кил никој не се повреди, изјави Циндриќ.
Во најдобриот тим на Ф4 турнирот беа избрани:
голман - Арпад Штербик (Вардар)
лево крило - Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек - Домагој Павловиќ (Загреб)
среден бек - Лука Циндриќ (Вардар)
десен бек - Жига Млакар (Цеље)
десно крило - Златко Хорват (Загреб)
пикер - Вјачеслав Шумак (Мешков Б.)
најдобар одбранбен играч - Илија Абутовиќ (Вардар)
МВП - Лука Циндриќ (Вардар).
Завршниот турнир се одигра во одлична атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, а сите актери и гости искажаа огромна благодарност до организаторите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци
-
Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци