Ракомет
8. October 2019 - 19:51

СЕХА: „Фармацевтите“ немоќни на гостувањето во Брест

Ракометарите на Еурофарм Работник се поразени убедливо со 31-22 на гостувањето кај Мешков Брест во рамките на СЕХА лигата.

          Слабата игра во одбраната и скромниот напад резултираа со лош почеток за битолскиот тим па домаќинот лесно излегуваше на крај и обезбеди водство од 7-8 погодоци.

          Следуваше период на добра игра на Еурофарм и доближување на 21-17 но кога требаше да се направи решавачкиот чекор за резултатски притисок следуваше нов пад што домаќинот лесно го искористи и направи водство од 30-20 за убедлива победа на крајот од 31-22.

Митревски со 11 одбрани повторно беше еден од најдобрите во редовите на Еурофарм, а прв стрелец беше Ојлески со пет гола.