Свет
21. November 2015 - 11:36

Седуммина загинати во хеликоптерска несреќа на Нов Зеланд

Седум луѓе денеска загинаа при уривање на хеликоптер на Нов Зеланд.

Несреќата се случила за време на разгледувањето од воздух на една од популарните туристички дестинации на Нов Зеланд, глечерот Фокс.

Остатоците од хеликоптерот се лоцирани, но поради непристапност на теренот спасувачите не можат да стигнат до местото.