Македонија
30. September 2022 - 13:17

Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден,  полицијата констатирала непочитување на законите кај седум патнички возила што вршеле меѓународен превоз на патници.

-При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.