Македонија
23. February 2019 - 16:27

Седум деца од заводот за рехабилитација во Битола обучени за прва помош

Седум деца од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух , говор и глас „Кочо Рацин“ од Битола се комплетно обучени да дадат прва помош доколу е потребно. Веќе три месеци волонтери на Црвениот крст од Битола ги учеа овие деца на основните работи, како што се реанимација, како да се помогне на повреден кога е во бесознание, кога е контактибилен, како да се укаже прва помош при повреди на глава, надлактица, подколеница.

-Не беше премногу тешко, овие деца знаат да учат, учат со задоволство. Волонтерите доаѓаа со многу позитивни впечатоци, овие деца исто како и останатите се обучени за давање прва помош. Ние како општинска организација сме пресреќни, секоја година ќе обучуваме поголем број деца од ова училиште и сите други деца со попреченост, изјави Д-Р ЛИЛЈАНА РИСТЕВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО ЦРВЕН КРСТ БИТОЛА.

Децата од Заводот покажале голем успех и со голем ентузијазам ја поминале обуката, а за тоа сведочат и нивните родители.

-Два-три месеци, учествуваше, се подготвуваа, беше пресреќна. Јас сум многу сигурна во Теодора и довербата ми е многу гоелма, и се надевам, да не даде Господ, но ако дојде мислам дека Теодора ќе му помогне не било кој, изјави ПАВЛИНА КОЛЕВСКА, МАЈКА НА ШТИТЕНИЧКА ОД ЗАВОДОТ КОЧО РАЦИН БИТОЛА.

Од Црвен крст Битола велат дека седумтте штитеници на Заводот „Кочо Рацин“ за прв пат ќе бидат учесници на општинскиот натпревар во прва помош рамноправно со сите останати училишта.