Седници на комисиите за економија, транспорт и за одбрана
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за транспорт, врски и екологија и за одбрана и безбедност.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за дополнување на законите за концесии и јавно приватно партнерство, и за енергетика, во прво читање, а на Комисијата за транспорт Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност, пак, треба да расправаат за Предлог законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонја, во прво читање, поднесен од пратници од опозиција, како и за Предлог - законот за дополнување на Законот за одбрана - во прво читање.
Ново на Сител
-
Управа за финансиска полиција: Невистинити се изјавите на Русковска за побараните предмети
-
САД подготвуваат дополнителна помош за Украина од околу 800 милиони долари
-
Сушата ја натера „Shell“ да ја намали преработката на нафта во Германија
-
Седум од 10 Германци трошат помалку енергија, покажа истражување
-
Русковска поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители
-
Рускоска: Нема да ја доживеам судбината на Катица Јанева
-
МВР со детали за сообраќајката на „Водњанскa“: Малолетник управувал со возилото
-
Дедо со „рено“ се судри со полициско возило, повредени полицајка и 78-годишникот