Бизнис
2. October 2017 - 20:01

Се зголемуваат грчките инвестиции во земјава за 6 месеци вложени 2,86 милиони евра

Силен раст на грчките инвестиции во земјава. За половина година вложувањата од југ достигнале врендост од 2,86 милиони евра или 2 милиони евра повеќе од цела 2016 година. Според тамошните медиуми, оваа сума ја става Грција на седмото место на листата најголеми инвеститори во Македонија.

Најмногу грчки капитал има во банкарството, нафтената  индустрија, трговијата и текстилниот сектор. Но, бизнсмените и од двете земји сметаат дека соработката меѓу соседите ќе беше многу поголема ако не постоеше спорот со името.

„Поради финансиски интерес луѓето се обидуваат да го надминат овој проблем. Секако ако нема проблем нештата би биле полесни и подобри. Има голем број на грчки фирми кои работата овде во Скопје и има и голем интерес од компании тука и од физички лица од вашата земја кои сакаат да инвестираат во Грција. Дефинитивно проблемот со името е проблем но има уште многу други работи за кои не би сакал да зборувам. Добро ги знаете тие работи. Мислам дека е време да се работи да се превземат мерки за да се надмине проблемот“, рече Куријакос Лоуфакис, претседател на грка бизнис асоцијација.

Грчката економија во последниот период закрепнува од долгогодишната криза. Производствто во земјата во септемрви бележи највосик раст во последните девет години, а минатата недела беше објавено дека земјата го намалила буџетскиот дефицит на 3% од БДП. Познавачите велат дека земјава треба да ја бара својата шанса за зголемување на соработката.