Бизнис
29. March 2022 - 20:58

Се зголемува надоместот за приватизација на градежното земјиште за 30 пати

Владата на денешната 34-та седница ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, кој се зголемува за 30 пати. Со уредбата се уредува и начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште.

– Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, чиј преглед за висина на надоместот за приватизација на градежното земјиште, се заменува со нов Преглед, информираат од Владата.

Предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од досега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација.

-Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, велат од Владата.