-->
-->
Се зголемува бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Црна Гора
-->

Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје на Црна Гора денеска се регистрирани осум лица позитивни на новиот коронавирус и сега има вкупно 51 активни случаи.
Од Институтот соопштија дека вчера се анализирани уште 85 примероци на Ковид-19.
Новозаразените лица се од Подгорица (четворица), Рожае (тројца) и Бар (еден).
Од новозаразените лица, три биле во контакт со претходно позитивни случаи, додека за петмина се бара изворот на инфекција.
Институтот за Јавно здравје на Црна Гора вчера направи вкупно 253 анализи со откриени 13 нови случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
