-->
-->
Се запали автомобил во движење на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот беше во прекин еден час
-->
Автомобил во движење се запалил на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, поради што сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин еден час При инцидентот нема жртви.
Портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова за МИА информира дека автомобилот се запалил во 19:16 часот, поради што сообраќајот на овој пат беше во целосен прекин. Според Трајанова, од 20:10 сообраќајот повторно е нормализиран.
Опожарениот автомобил бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица од Струмица, а полицијата го обезбедувала местото на пожарот. Причините за пожарот засега не се познати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата