Македонија
29. October 2018 - 11:07

Се запали автобус на АРМ полн со војници на патот Пробиштип-Кратово

Автобус на АРМ утринава околу 6:30 часот се запалил движејки се на релација Пробиштип-касарна „Илинден“ Скопје. Повредени нема, а причинета е само материјална штета.

Автобусот на АРМ се запалил на патот Пробиштип-Кратово, на четири километри од Пробиштип. Интервенирано е со две противпожарни возила.

Градоначалникот на Пробиштип, Драган Атанасов рекол дека возачот на автобусот реагирал навреме и сите војници кои се превезувале со автобусот безбедно се симнале. Автобусот е целосно изгорен.

Од Министерството за одбрана се очекува наскоро да излезат со соопштение.